ОБЈАВЕН ТРЕЈЛЕР- Џони Деп се враќа на големото платно, погледнете ја трансформацијата за новата улога

Објавен е трејлерот за филмот „Jeanne du Barry“ со Џони Деп во главната улога, а обожавателите на актерот можат да видат уште една негова трансформација.

Деп не е виден на големото платно од судскиот процес за клевета против неговата поранешна партнерка Амбер Херд, а поради нејзините обвинувања беше означен како непожелен за многу холивудски проекти.

Така неговите обожаватели се особено возбудени поради претстојниот француски биографски филм „Jeanne du Barry“.

Во филмот „Jeanne du Barry“, по сценарио и режија на Maïwenn и Tedy Lussi-Modeste, Деп го игра Луј XV, а Maïwenn ја игра Мадам ду Бери.

Други членови на актерската екипа се Пјер Ричард, Ноеми Лвовски, Бенџамин Лаверне, Мелвил Поупо, Паскал Грегори и Индија Хер

Филмот ја следи приказната за Жан Воберние, млада жена од работничката класа која е гладна за култура и задоволство и ја користи својата интелигенција и привлечност за да се искачи на општественото скалило.