Студент нокаутира професор: Барал да му го врати телефонот, па го удрил во глава (ВИДЕО)

И покрај жестокиот напад, тој остана на нозе

Тинејџер од Хјустон го нокаутирал својот учител откако му бил одземен мобилниот телефон, а снимката од инцидентот станала вирална на социјалните мрежи.

Најпрво ученикот налутено го замолил наставникот да му го врати телефонот.

– Оди седни – му рекол професорот пред да добие тупаница во главата.

И покрај жестокиот напад, тој остана на нозе.

Според извештаите, инцидентот се случил во средното училиште Ламар во Хјустон, а директорката Рита Грејвс им рекла на родителите дека ваквото однесување нема да се толерира.

Се уште не се знае дали ученикот ќе биде избркан од училиштето.