Санкционирани 81 возачи под дејство на алкохол на територија на СВР Битола

 Во текот на изминатата вечер во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што биле санкционирани 81 возачи.

Од нив 10 на територија на  Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и  Крушево и 1 во Македонски Брод.

За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци.

Од МВР информираат дека акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.