ОВАА ДЕВОЈКА ПОВЕЌЕ ГО ИЗМАЧИЛА ЃОКОВИЌ ОД МАНАРИНО: Хит сцена по победата на Новак (ВИДЕО)

Бранителот на титулата на Австралија опен во Мелбурн, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во четвртфиналето на тој турнир.

Ѓоковиќ лесно и брзо во 105 минути го совлада 19-от светски играч Французинот Адријан Манарино по три сета, 6:0, 6:0, 6:3.

По натпреварот, Ѓоковиќ им пријде на навивачите да даде автограми и да направи селфи. Една од девојките доби автограм, а потоа побара селфи.

Оваа сцена брзо се најде на социјалните мрежи со коментар дека Новак „девојката повеќе го измачила отколку Манарино“.