ОВАА ЗЕМЈА НА БАЛКАНОТ Е “ЛИДЕР“ ПО БРОЈОТ НА САМОУБИСТВА – За пет години животот си го одзеле 562 лица, а само претходната година 116

Според RTCG, црногорската полициска управа заклучно со 31. декември 2023 година регистрирала 116 самоубиства во изминатата година, што го засилува загрижувачкиот биланс на самоубиства во Црна Гора.

Претходната година биле регистрирани 126 самоубиства, 111 во 2021 година, 109 во 2020 година и 100 во 2019 година. Вкупно, во претходните пет години, во Црна Гора си го одзеле животот 562 лица.

Од полициската управа велат дека во поширока смисла, според податоците на Светската здравствена организација, Црна Гора е водечка по бројот на регистрирани самоубиства во однос на бројот на жители во последната деценија.

Причините или предизвикувачите се различни, но најчесто се работи за сериозни здравствени состојби, социо-економски проблеми, трауматски искуства, нерасчистени семејни односи и слично. Иако на прв поглед секое самоубиство изгледа како личен чин, уништување на сопствениот живот односно човек кој си го одзема животот ја доведува во прашање темелната вредност на општеството – човечки живот кој не може да се надомести, што оваа појава ја прави сериозен општествен проблем“, се вели во соопштението на полициската управа.

Како што се наведува, во случаите на самоубиство, управата на полицијата може само да евидентира статистика, бидејќи станува збор за завршеното дело, односно најчесто реагира со преземање истражни и други процесни дејствија, со учество на медицински вештаци кога ќе се обнови начинот и се утврдува причината за смртта која настапила.

Во соопштението се наведува и дека Црна Гора нема национална стратегија за борба против самоубиствата, ниту национално тело кое би преземало синхронизирани чекори во борбата против причините за самоубиствата.