СЕКОЈ родител би сакал неговото дете да биде натпросечно интелигентно, а една особина посебно укажува на тоа. Како што објаснуваат психолозите за порталот Kidspot, карактеристика што е заедничка за надарените деца е тенденцијата да поставуваат прашања.
Психолозите велат дека големата љубопитност е една од главните карактеристики на речиси сите надарени деца. Покрај тоа што поставуваат многу прашања на кои дури и нивните родители понекогаш не знаат да одговорат, нивните прашања се и многу сложени, што покажува дека за одредени работи размислуваат многу поинтензивно и поинаку од своите врсници.
Други знаци кои може да укажуваат на тоа дека детето е надарено се интересот за читање уште од најмала возраст, одлична меморија, развиено чувство за хумор, како и претпочитање за дружење со постари деца или возрасни.