Оваа намирница прави чуда за нашето тело: го забрзува метаболизмот и го подобрува варењето, а го штити и срцето

Пченката е една од нашите омилени сезонски намирници која не само што е многу вкусна и лесна за подготовка, туку носи и многу придобивки за нашето здравје доколку редовно ја консумираме. Според нутриционистите, пченката содржи малку калории и голема количина на јаглени хидрати, амино киселини, витамини Б, фолна киселина, ниацин, фосфор, калиум и магнезиум, пишува WebMD. Токму затоа советуваат дека оваа храна треба да ја јадеме што почесто.

Благодарение на бројните нутритивни вредности, консумацијата на пченка има многу придобивки. Еден од нив е намалување на ризикот од болести на срцето и крвниот систем. Како што објаснуваат експертите, оваа храна е одличен извор на калиум, есенцијална супстанција која помага во регулирањето на крвниот систем со одржување на правилен проток на крв и силна работа на срцето.

Пченката содржи и лутеин, каротеноид сличен на витаминот А кој најчесто се наоѓа во овошјето и зеленчукот. Познат е по тоа што го намалува ризикот од макуларна дегенерација, катаракта и многу други очни болести. На ист начин, консумацијата на пченка придонесува за подобро здравје на нашето варење.

Причината е што оваа сезонска храна е богата со диетални влакна, кои се неопходни за одржување на здрав начин на живот, а нуди и многу други бенефиции како што се регулирање на движењето на дебелото црево, управување со нивото на шеќер во крвта и забрзување на метаболизмот што помага при слабеење.

И последно, но не и најмалку важно, е фактот дека редовното консумирање пченка го намалува ризикот од деменција, особено Алцхајмерова болест. Имено, содржи антиоксиданс кверцетин, за кој истражувачите веруваат дека може да има заштитно дејство против овие болести. Кверцетинот, наводно, ги штити невронските клетки и ја намалува невроинфламацијата, потенцијално намалувајќи ја инциденцата на деменција.