Оваа Србинка беше мега ѕвезда а потоа исчезна: Сега не ѝ гајле за кариерата бидејќи ,,улови” милионер! (фото)
Холи Рејчел Кенди, попозната како Холи Валанс, беше голема европска ѕвезда во раните 2000-ти. Деби албумот „Footprints“ го одбележаа две песни (Kiss, Kiss и Down Boy) кои веднаш завршија на врвот на топ листите во Велика Британија.
Преработката на турскиот хит „Simarik“ од пејачот Таркан, наречена „Kiss Kiss“ стана инстант хит кој ја зафати Европа. Преработката на познатата песна имаше поголем комерцијален успех од оригиналот.
Провокативните видеа и живите песни беа имиџот на Холи Валанс бидејќи кога таа не пееше и не снимаше спотови, пејачката беше многу духовита, зборлива и, според мислењето на публиката, многу интелигентна.
По два албума, таа реши да се откаже од својата музичка кариера бидејќи, како што изјави за Би-Би-Си, ја изгубила страста за музиката. Најверојатно затоа што била под притисок да одржи имиџ на секси пејачка а таа тоа не го сакала.
Интересно е тоа што Холи Валанс е ќерка на пијанистот Рајко Вукадиновиќ и британската мајка Рејчел Стивенс. Таа е родена во Австралија и нејзините родители се првата генерација што дошла во оваа земја.
– Татко ми е Србин, мајка ми Британка, а јас сум по малку од сè. Мама велеше дека јас всушност сум светски граѓанин бидејќи станав славна – изјави Холи за „Би-Би-Си“.
Холи, која пораснала во Австралија по разводот на нејзините родители во 1986 година, поголемиот дел од времето го поминувала со мајка си бидејќи таткото и’ Рајко повторно се оженил.
На 18-годишна возраст отпатува за Лондон, каде што помина две години, а потоа живееше во Лос Анџелес седум години.
По успешната музичка кариера, таа глуми во серијата „Prison Break“ и во неколку американски филмови. Британската публика имаше можност да ја гледа на „Танц со ѕвездите“ во 2011 година и оттогаш таа не се појавува во медиумите.
Во 2012 година, Холи се омажи за англискиот милијардер Ник Кенди, чие богатство се проценува на 1,5 милијарди долари. Ник заедно со неговиот деловен партнер Кристијан Питер е одговорен за изградба на луксузни станови и куќи.