ОВАА ТЕОРИЈА НА ЗАГОВОР КРУЖИ МНОГУ ВРЕМЕ – Зошто Турција ја забрани Кока-Кола !?

Според неколку угледни медиумски куќи, како што се германскиот весник Bild и медиумската агенција Reuters, турскиот парламент ги забранил производите на компанијата Кока-Кола (Coca-Cola). 

Како што пишува Bild, турските парламентарци прво се запрашале зошто газираните пијалоци Кока-Кола повеќе не се на менито, а од бирото задолжено за управување со логистиката на парламентот им било кажано да ги отстранат производите на брендовите што го поддржуваат Израел од менито.

Како точно треба да изгледа наводната поддршка, се уште не е детално објаснето. Но, факт е: во муслиманските кругови со години кружи теоријата на заговор дека Кока-Кола ја вооружува израелската Армија“, пишува најголемиот германски весник Bild и потсетуваат дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган (69 г.) отворил нова фабрика Кока-Кола пред само шест години, а медиумите тогаш ја пофалија таа инвестиција, иако името на Кока-Кола беше избегнато, тие претпочитаа да го користат името „фабрика за сокови“.

Поради нивната израелска параноја, француските муслимани дури и основаа сопствен бренд на безалкохолни пијалоци пред 20 години: Мека-Кола. Кока-Кола што поддржува Евреи сега е надвор од пазарот. Во многу турски провинции, државните институции и локалните власти, исто така, повикаа на бојкот на израелските производи поради војната во Појасот Газа. Медиумите поврзани со Владата потоа објавија долги списоци на наводни про-израелски компании. Често од единствена причина што тие имаат и производствени капацитети во Израел: тука се Adidas, Nike, Tommy Hilfiger, Apple, па дури и детергентот Ariel“, предупредува Bild.

Покрај пијалоците од Кока-Кола, во турскиот парламент е забрането и популарното Nescaffe (Нескафе).