ОВАА ТОРТА ИТАЛИЈАНКИТЕ ЈА ПРАВАТ ДА ГО ЗАВЕДАТ МАЖОТ ШТО ГО САКААТ: Тороне е крцкаво задоволство без маани

Тороне е италијанско слатко со интересно минато

Италијанците тврдат дека тоа првично бил нивен рецепт и дека е создаден во далечната 1441 година во чест на свадбата на Бјанка Марија Висконти и Франческо Сфорца . Ова слатко, слично на бонбоните од карамела, е вистински специјалитет кој речиси секоја Италијанка знае да го направи, а сите едноставно го обожаваат.

Состојки:

350 гр кафеав шеќер
450 гр мед
1 dl вода
1 лажица гликоза
2 белки
околу 500 гр бадеми, ф’стаци, лешници или некои други јаткасти плодови

Подготовка:

Во тенџере со дебело дно измешајте мед, кафеав шеќер, вода и гликоза. Гответе на тивок оган додека не достигне температура од околу 140 степени.

Во поголем сад изматете ги белките со малку сол додека не се стегнат. Полека и постојано мешајќи, истурете ја врелата карамела и соединете. Мешајте постојано додека не се излади карамелата, околу 10 минути, по можност со миксер.

Кога смесата малку ќе се олади, додајте и сечкани и малку потпечени бадеми (или јаткасти плодови по избор).

Соединете ја смесата со белките со бадемите и премачкајте ја на набрашнета хартија за печење. Со рацете обликувајте ја смесата во правоаголник и оставете го тороне да се исуши преку ноќ.

Исечете ги на патчиња и послужете.

Пријатно!