ОВА БЕШЕ ЗА ВЛАКНО! ДРАМА НА 9.000 МЕТРИ! Американски ловци Ф-35 летаа ОПАСНО БЛИЗУ до руски Су-35!

Најлошото беше избегнато

Два борбени авиони Ф-35 на проамериканската коалиција опасно се приближија до ловците Сухој-35 на руските воздушни сили во близина на Ал Танф во Сирија , изјави Вадим Кулит , заменик-шеф на рускиот центар за помирување на конфликтните страни во Сирија.

Тој изјави дека инцидентот се случил кога руските авиони биле на рутински лет по јужната граница на Сирија. 

– Приближувањето се одвиваше на надморска височина од околу 9.000 метри во областа Ал Танф. Руските пилоти покажаа висок професионализам и ги презедоа неопходните и навремени мерки за да го спречат судирот –  рече Кулит, пренесе ТАСС.

Оценив дека со ваквите постапки „коалицијата продолжува да создава услови за опасни воздушни инциденти, како и да ја влошува ситуацијата во сирискиот воздушен простор“.