Ова видео има 115 милиони прегледи на TikTok и никој не разбира зошто и како

Видео од јагоди прекриени со чоколадо има 115 милиони прегледи на TikTok и апсолутно никој не разбира зошто.

На снимката се гледа сад со јагоди покриени со чоколадо, поставени на креветот. Камерата брзо го менува фокусот, а What You Won’t Do for Love се репродуцира во позадина – и тоа е тоа.

Речиси 20 милиони лајкови, 150 илјади коментари и 115 милиони прегледи за 12 дена од објавувањето. „Но, зошто ова видео е толку вирално?“, „Ја сакам оваа апликација, апсолутно никој не може да објасни зошто има 115 милиони прегледи“, „Но како, како функционираат алгоритмите?“, „Не знам, што е посебно тука?” се само дел од коментарите, а некои тиктокери кои неуспешно се обидуваат да го сфатат успехот на ова видео (или да го повторат) се прашуваат истото.

@pr4yforgabs

fy foryou strawberry chocolate chocolatecoveredstrawberries

♬ What You Won’t Do for Love – Bobby Caldwell

Слично видео, сличен успех

Видеото е објавено на профилот на @pr4yforgabs кој моментално има нешто повеќе од 130 илјади следбеници и над 21,5 милиони лајкови, од кои 20 милиони се само на ова видео.

Пред неколку дена на профилот се појави слично видео со фокус на замрзнатото овошје. Се чини дека тоа видео би можело да повтори сличен (но секако не еднаков) успех бидејќи веќе има речиси 10 милиони прегледи.

@pr4yforgabs

fy foryou frozenfruit frozen mango grape

♬ Adventure of a Lifetime – Coldplay