Ова е Антонела од Сплит која загина во автобуската несреќа кај Венеција: Голема тага, биле на меден месец, сопругот се бори за живот (фото)

Млад брачен пар од Сплит бил во автобус кој паднал од надвозник во близина на Венеција.

Антонела Перковиќ (24) е мртва, а нејзиниот сопруг Марко Баковиќ е тешко повреден, но неговата моментална состојба е стабилна, потврди хрватската влада.

Хрватските медиуми пренесуваат дека Антонела и Марко се венчале пред дваесетина дена и дека како дестинација за меден месец ја одбрале Венеција.

Во индексот неофицијално се наведува дека Антонела била во шестиот месец од бременоста.

Марко моментално е на интензивна нега во болницата во Венето.

Тешка сообраќајна несреќа, се случи во вторникит во 19:45 часот во населбата Мештре, на само девет километри од центарот на Венеција. Автобусот со туристи удрил во заштитната ограда на надвозникот, по што се превртел и од надвозникот висок 10 метри паднал на покривот.

Досега се идентификувани осум од 21 жртва од автобусот на смртта. Седум жртви се жени, додека осмата е едно и полгодишно момче. Повеќето од нив се млади луѓе.