Ова е животот од соништата за секој маж – Запознајте го Артур, има пет сопруги и распоред за секс: “Во некои ситуации имам односи со една а мислам на друга…“ (фото)
Човекот по име Артур О’Урсо стана светски познат откако со бразилските медиуми сподели несекојдневни детали од својот живот. Тој е во врска со дури девет девојки, кои ги нарекува негови сопруги, а за медиумите тогаш откри и дека една од девојките го оставила. Минатата година тој беше уште повеќе скршен кога дури четири девојки решија да ја прекинат врската со него.
Така остана со „само“ со четири сопруги, но наскоро му пристигнува петтата девојка или како што тој кажува сопруга. Станува збор за 51-годишната Олинда, која морала да добие зелено светло од пребирливата прва сопруга на Артур, Луана Казаки (26 г.).
Новомажената сопруга и претходно живеела во поли-врска, па не е загрижена за љубомората на другите жени и е возбудена за иднината.
„Не сум љубоморна на ниту еден начин. Јас сум одлична сопруга, партнерка и пријателка. Очекувам сите заедно да работиме напорно на сè и да направиме се што е во наша моќ за да се грижиме за нашата љубов, Артур. Кога требаше добив одобрение од Луана, бев загрижена, чувствата ми беа измешани. Но, кога се запознавме, веднаш сфативме дека постои силна врска меѓу нас, се чинеше како да се познаваме од друг живот“, изјавила новопечената сопруга за Daily Star.
Олинда била прифатена од сите четири сопруги – Луана, Емели Соуза, Аманда Албукерки и Карол Ласерда.
Артур и Луана се свингери, тие решиле да практикуваат отворена врска во 2021 година. Тие ја формализираат својата „заедница“ со другите жени во католичка црква, иако тоа не е правно обврзувачки. Тие често објавуваат фотографии и видеа на социјалните мрежи споделувајќи детали од нивните романтични врски, како и совети за секс. Поради активниот сексуален живот, Артур дури морал да изготви „распоред за секс“ за да бидат задоволни сите негови партнерки.
„Сите мои сопруги сакаат по секоја цена да се уверат дека уживам во сексот. Среќен сум што тоа им е целта“, открил задоволен сопруг, кој признава дека тоа му создало одредени проблеми.
„Нашиот сексуален живот е навистина забавен и пријатен и на почетокот се обидов да направам распоред за секс. Но, држењето до тој распоред предизвикуваше многу проблеми. Понекогаш се чувствував како да имам секс поради распоредот, а не поради задоволство. Во некои ситуации имав секс со една жена, а мислев на друга“, открил Артур.