Ова е макрото кој е уапсен во Нов Белград: Ги заклучувал девојките во стан, ги тепал и им се заканувал на роднините! Вака ги уценувал (ФОТО)

Белградската полиција во соработка со Вишото јавно обвинителство во Белград уапсила лице по име В.В.И. (29) кој е осомничен дека принудил девојка (21) на проституција. Тој се товари за уште едно кривично дело против друга девојка (24), а тоа е трговија со луѓе.

– Осомничениот ги регрутирал жртвите злоупотребувајќи ја нивната лоша финансиска состојба, тешките животни околности и довербата. Специјално за нив изнајмувал станови во кои жртвите биле принудувани на сексуални односи – вели извор од истрагата.

Како што е наведено, тие немале можност да ги изберат своите клиенти, ниту да се обратат за помош кај некого.

Една од оштетените девојки преживеала брутална тортура, била претепана и затворена во станот.

– Осомничениот ја претепал девојката, ја заклучил во станот и ја принудувал на проституција одземајќи и’ ги личните документи за да нема начин да одбие – вели нашиот извор и додава:

– Упатуваше закани до нејзините роднини и пријатели, а на социјалните мрежи и’ ги пишуваше најлошите навреди, закани и невистини.

Тој е уапсен во Нов Белград и денеска ќе биде изведен пред обвинител.