Ова е најгордата мајка на светот! Тинејџерот стана херој на Барса, и тоа на дебито – реакцијата на родителите не може да се опише со зборови! (видео)

Фудбалерите на Барселона синоќа на свој терен го победија на Атлетик Билбао со 1:0, во натпреварот од 10.коло во шпанското првенство.

Херој на Барселона на синоќешниот натпревар беше тинејџерот Марк Гие, кој ја затресе противничката мрежа во 80. минута, на своето деби за каталонскиот клуб.

Марк не можеше да ги контролира емоциите, а камерите забележаа и многу трогателна реакција на гордите родители на овој талентиран фудбалер.

Барселона и натаму е единствената непоразена екипа во Примера, а по седмата победа е трета на табелата со 24 бодови. На прво и второ место се Реал Мадрид и Жирона со по 25 бодови.

По вториот пораз во последните три натпревари, Атлетик Билбао е шести на табелата со 17 бодови.

Претходно вчера Рајо Ваљекано го победи Лас Палмас, Жирона ја победи Алмерија со 5:2, а Виљареал и Алавес ремизираа 1:1.