ОВА Е НЕНАД ЗА КОГО СЕ СОМНЕВА ДЕКА Е ПРОНАЈДЕН МРТОВ: Направил херојско дело кобната вечер во Дунав

Наводно, во џебот од панталоните му биле пронајдени документи

Денес на брегот на Дунав во близина на Рафинеријата Панчево е пронајдено тело, а постои сомневање дека се работи за Ненад Тривковиќ (38), еден од тројцата пријатели кои на 18 март паднале од чамецот, пишува Курир.

Наводно, во џебот од панталоните му биле пронајдени документи. Телото ќе биде испратено на обдукција каде ќе се утврди точниот идентитет.

Покрај Ненад, на 18 март исчезнаа и Милош Марковиќ (37) и Милан Николиќ (36), а потрагата по нив оттогаш трае.

За Ненад пишуваше недолго откако исчезна во брановите на Дунав затоа што таа вечер се однесуваше херојски. Имено, иако важеше за не толку добар пливач, тој во моментот на несреќата го соблече заштитниот елек и го сподели со своите пријатели .

Ненад беше единствениот облечен во елек, но во моментот кога сите завршија во вода, тој несебично и херојски го соблече елекот и го сподели со пријателите. Беше пливач, но не толку добар, па затоа од безбедносни причини секогаш носел елек кога бил на реката – изјави тогаш за Курир извор од истрагата.

Да потсетиме, во чамецот „Три принцези“ имало четворица пријатели, а само Мане К.(37) успеал да доплива до брегот.