Новак Ѓоковиќ на удар на Делиите бидејќи го однел синот на натпревар на Партизан, бурно на социјалните мрежи (ФОТО)

Ја споменуваат и неговата сопруга Јелена.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ во придружба на сопругата Јелена и синот Стефан го следеше кошаркарскиот натпревар помеѓу Монако и Партизан на кој избраниците на Жељко Обрадовиќ обезбедија пласман во ТОП 8 во Евролигата.

Новак во петокот со семејството ги бодреше црно-белите, па поради тоа беше на удар на навивачите на Црвена звезда, кои на социјалните мрежи го нападнаа Новак дека доаѓа на натпреварите на Партизан, додека е навивач на Звезда.

Покрај Новак, на удар се најде и неговата сопруга Јелена дека таа придонела да го донесат на натпреварот синот кој навива за Партизан. 

– Се чувствувам убаво. Уживам, тука сум со син ми и сопругата. Партизан победува, мило ми е поради тоа. Навивам за Партизан и навивам за нив кога играат против кој било освен Звезда. Јас сум навивач на Звезда, но секако дека навивам за српскиот клуб. Мојот син навива за Партизан, го сака Партизан, па сега и ние одиме на натпреварите на Партизан и се надевам дека ќе успеат да обезбедат пласман во Топ 8 – изјави Ѓоковиќ, кој потсети дека е навивач на Звезда.