Ова е патот по кој монструмите ја водеа Вања за да ја убијат! Се појави снимка! Кутрото девојче, го убиле уште рано а автомобилот го запалиле (фото/видео)

Ова е видео од местото каде е запалено возилото со кое Вања Ѓорчевска (14) беше однесена на локацијата каде подоцна беше убиена.

Се наведува дека возилото „цитроен“ што било употребено во ова кривично дело било возено до атар на село Бразда, на половина пат до аеродромот „Стенковец“ .

Таму јасно се гледаат остатоци од запален автомобил.

Вања Горчевска

Се зборува дека до местото се стигнува по каллив пат за кој малкумина знаат, а ни жителите на Бразда.

На локалниот пат кон тоа село нема многу сообраќај и има две кривини кои водат до локацијата каде се возел автомобилот и потоа бил запален.

Вања Горчевска

Репортерката Телма поминала по истиот пат кој го возеле чудовиштата кои ја чувале киднапираната девојка во багажникот, врзана и ставена во вреќа за спиење.

Во тоа време, нивните планови се променија и решија да ги скријат трагите.

Вања Горчевска

Се вели дека Вања била убиена околу 10 часот наутро, по што монструмите ја закопале, а потоа го однеле возилото за да го запалат.

Според официјалните податоци што ги изнесоа властите во Македонија, телото на девојчето било закопано во близина на местото каде било опожарено возилото.