Двајцата имаа краток и бурен брак
Нашиот македонскиот пејач Даниел Кајмакоски пред неколку години се повлече од јавноста затоа што се ожени со Кристина, која е 13 години помлада од него.
Сакале да поработат на бракот, но не им успеало, па се развеле. Инаку, таа се занимава и со музика, а сега сака да се пробие и во Србија.
На прашањето дали е толку добра пејачка колку што е тој и дали ја поддржува, таа вели:
- Сега тоа треба да го кажат другите. Ние сме во ред. Тој е изненаден од тоа колку брзо напредувам, ми го кажа тоа и се гордее со мене. Сега сакам да се пробијам овде, во Македонија постојано пеам и настапувам – изјави таа во „Амиџи шоу“.
Да потсетиме дека Даниел неодамна повторно се ожени и со новата сопруга на почетокот на мај доби дете.