Официјални лица проценуваат дека секој Новозеланѓанец фрла повеќе од три четвртини од тон отпад секоја година.
Нов Зеланд е првата земја во светот која ја забрани употребата на пластични кеси при купување овошје и зеленчук во супермаркетите, пренесува АП.
Забраната се однесува и на пластичните сламки и тањирчиња, како дел од проширувањето на кампањата на властите против употребата на пластика за еднократна употреба, која започна во 2019 година кога беа забранети подебелите пластични кеси за купување што ги користеа клиентите за да ги носат своите намирници дома. Повеќето купувачи овие денови носат торби за повеќекратна употреба во супермаркетите.
Официјалните лица проценуваат дека секој Новозеланѓанец фрла повеќе од три четвртини од тон отпад секоја година.
– Нов Зеланд произведува премногу отпад, особено пластика – изјавила помошничката министерка за животна средина Ракел Брукинг, пренесува BL Portal.
Таа рече дека забраната воведена во 2019 година веќе спречила употреба на повеќе од милијарда пластични кеси во Нов Зеланд и дека новата забрана ќе спречи употреба на дополнителни 150 милиони кеси годишно.
Официјалните лица ја истражија загриженоста дека најновата забрана нема да направи многу за животната средина со едноставно префрлање на хартиени кеси за еднократна употреба.
– Одговорот сепак е „да“, има смисла да се направи тоа, но сакаме навистина да ја намалиме употребата на се што е за еднократна употреба. Сакаме луѓето сами да си носат торби, а супермаркетите да продаваат кеси за повеќекратна употреба – нагласи Брукингова.
Според неа, акцентот ќе биде ставен на едукација на луѓето, но постои и можност службениците да ги казнат постапките со кои се заобиколуваат правилата.