Ова е првиот европски функционер кој ја потврдува својата кандидатура за нов шеф на НАТО

Претседателот на Романија најави дека ќе се кандидира за лидерство на НАТО.

Клаус Јоханис рече дека алијансата треба „да го обнови својот поглед за својата мисија“ и дека Источна Европа има „вреден придонес за одлуките на НАТО“.

Велика Британија, САД, Франција и Германија го поддржаа холандскиот премиер во заминување Марк Руте да стане првиот нов лидер во една деценија.

Потсетуваме дека медиумите објавија дека кандидат е и премиерката на Естонија, Каја Калас, пишува skynews .

Јенс Столтенберг ќе се повлече од функцијата генерален секретар во октомври, откако го предводеше одговорот на војната од нејзиниот почеток.

Водачите на НАТО се назначуваат со едногласен консензус меѓу неговите 32 членки.