Ова е родениот БРАТ на Бред Пит! Сличноста е неверојатна, а поради славниот брат тој доживеал бројни НЕПРИЈАТНОСТИ (ФОТО)
Тој живее сосема поинаков живот.
Јавноста знае речиси се за еден од најзгодните актери во Холивуд, Бред Пит, но многумина не знаат дека тој има и три години помлад брат Даг, кој е голем филантроп. За разлика од неговиот брат, чиј живот го одбележаа бурните љубовни врски, Даг е во среќен брак триесет години и има три деца. Даг собра 750.000 долари за проекти за чиста вода во Танзанија и ја основа фондацијата „Care To Learn“, која се грижи за сиромашните деца.

Тој одлучил да ја основа оваа фондација откако слушнал приказна за тоа како едно момче било исмејувано од децата на училиште затоа што ги носел панталоните на мајка му бидејќи немал пари за нови. Кариерата ја започнал во компјутерска компанија и се уште се занимава со тој бизнис, а американските медиуми пишуваат дека е многу успешен и заработува нешто помалку од својот постар брат, па се проценува дека богатството на Даг е 240 милиони долари, додека на Бред изнесува 300 милиони долари.
Даг се занимава со фотографија и продавање на своите фотографии, а парите ги донира на хуманитарни организации. Во една прилика изјави дека на почетокот му пречело кога новинарите му се јавиле да проверат информации за неговиот брат, па решил да смислува стории за да види дали ќе ги објават или не. Тој кажа и дека почнал да ги фотографира папараците кои го следат, што им пречело, па престанале да го следат. Даг секогаш го посветува своето слободно време на семејството и кога сите негови деца се заедно тие често одат на планинарење или возење велосипед на село.