ОВА Е ТАЈНАТА НА ГОТВАЧИТЕ ЗА ВРВНО КРЕМАСТО ПИРЕ: Вака тоа го прават во ПРЕСТИЖНИ РЕСТОРАНИ, на нас не ни ПАДНАЛО НА ПАМЕТ
Пирето е омилен додаток на многу јадења и може да се комбинира со месо, чорба, ќофтиња… Сепак, повеќето домаќинки имаат проблем како да направат кремасто пире од компири. Тој проблем го реши врвниот австралиски готвач Морган Хипворт, кој откри генијален трик како вашето пире да биде секогаш супер кремасто и вкусно.
Според него, тајната е во подготовката на пирето, а ги користел состојките кои вообичаено ги користат сите домаќинки, а тоа се компири, путер, млеко и малку морска сол. Ова е неговиот рецепт, а вака приготвеното пире од компири секогаш ќе биде совршено кремасто и вкусно, буквално ќе се топи во уста, па пробајте го.
500 гр компири
100 гр путер
100 мл млеко
морска сол
Подготовка:
Компирите исчистете ги и исечете ги на крупни парчиња, па сварете ги во тенџере со малку морска сол. Компирите исцедете ги и изгмечете ги додека целосно не омекнат. Вратете го на тивок оган и мешајте пет минути додека не се распаднат сите грутки.
Во друг сад истурете го млекото и оставете да зоврие и додадете го путерот да се растопи. Полека истурете ги млекото со путерот и компирот и мешајте додека пирето не стане лесно и кремасто. Посолете ако е потребно.