,,Ова не е пенал? Па дали си нормален!” Островот се тресе: Клоп ,,згрме” за судењето против Сити како никогаш досега! (видео)

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп беше бесен на судиите по ремито 1:1 со Манчестер Сити во дербито од 28. коло од Премиер лигата.

„Црвените“ се вознемирени од одлуката на судијата Мајкл Оливер да не досуди пенал во 99. минута, иако беше очигледно дека Џереми Доку со стапалото го удри во градите на Алексис Мекалистер во шеснаесетникот на Сити со високо крената нога.

Беше консултиран и ВАР, а Оливер не отиде ниту сам да се увери во исправноста на првичната одлука.

Тренерот на Ливерпул смета дека неговиот тим е тешко оштетен во оваа ситуација.

,,Не знам за што размислува човекот во ВАР собата. Што јадевте за ручек кога мислите дека ова не е пенал. Не сум лут, но тоа беше чиста ситуација за пенал”, изјави Клоп по натпреварот.

Погледнете ја спорната ситуација: