Ова не се само стари и ‘празни’ приказни – еве зошто не е паметно да спиете со мокра коса! Докторка предупредува: “Ова е сериозно, внимавајте!“

Предупредувањата да не излегувате надвор со мокра коса не се само стари и „празни“ приказни, туку во нив има вистина и неколку причини зошто не е мудро, особено кога надвор е постудено да го правите тоа.

Специјалистот за семејна медицина др. Бранислава Чилиќ од соседна Србија ги објаснила сите причини зошто ова не е добро. Повеќето од нас слушаат слични предупредувања, најчесто без да разбереме зошто.

Често слушаме дека не треба долго да ја оставаме косата влажна или дека не треба да излегуваме надвор со мокра коса, особено на ладно време бидејќи ќе настинеме. Кога станува збор за настинки, грип, воспаление на синусите и некои други воспалителни болести кои се поврзани со влажна коса, мора да нагласиме дека воспалението не е можно без причина за воспаление, па затоа мора да има бактерија, вирус или габа што ќе предизвика воспаление… Ако подлогата на која се размножува предизвикувачкиот агенс е влажна и топла, ќе обезбеди добри услови за неа и болеста ќе напредува. Токму тоа го овозможуваме со мократа коса“, објаснила докторката за српскиот магазин Mondo.

Излегувањето надвор со мокра коса не е единствената опасност. Опасност има и кога легнуваме да спиеме со мокра коса.

Постои поголем ризик од развој на габични инфекции на скалпот, особено ако одите во кревет со мокра коса. Влагата продира во перницата заедно со ексфолираните клетки на скалпот и на тој начин создава почва за габите Malassezia, на кои им е потребна влажна средина и доведуваат до чешање на скалпот, особено кај луѓе со себореичен дерматитис на скалпот, кога секрецијата на лојните жлезди се зголемува. Може да се развие и мувла, што исто така не е пожелно во косата“, додала докторката.

Исто така, кога надвор е постудено, влажната кожа и коса ослободуваат повеќе телесна топлина и на тој начин доведуваат до намалување на телесната температура, што може да биде непријатно ако немаме покачена телесна температура. Тогаш влажните делови од телото може да се заладат и да се наруши имунитетот“, заклучила докторката од Србија.