ОВА НИКОГАШ НЕ ТРЕБАШЕ ДА ГО НАПРАВИ: Кристијано Роналдо е казнет со 99 удари со камшик!

Прекрши строги правила.

Минатата недела Персеполис и Ал Наср одиграа натпревар од азиската Лига на шампиони во Иран. По тој повод, најдобриот играч на тимот од Саудиска Арабија,  Кристијано Роналдо и  ја исполни желбата на иранската сликарка Фатима.

Фатима е инвалид, дошла во хотелот да запознае познат Португалец.

Ал Наср објави видео од средбата, на кое се гледа колку на една сликарка и значи да запознае светска фудбалска ѕвезда.

Но, оваа средба скапо ќе го „чине“ Роналдо, бидејќи тој прегрнал и бакнал иранска сликарка и со тоа ги прекршил строгите закони кои владеат во Иран.

Судот во отсуство одлучи Португалецот да биде казнет со 99 удари со камшик.