ЗЕМЈА ОД БЛИСКИОТ ИСТОК ГО ПРЕДУПРЕДУВА ИЗРАЕЛ: „Им кажавме дека доаѓа нешто големо, не игнорираа“

Службеникот не објасни што точно им кажале на Израелците.

Службеник на разузнавачката служба на Египет, земја која многупати имала улога на посредник меѓу Израел и Хамас, тврди дека египетските разузнавачи постојано ги предупредувале Израелците дека „нешто големо се подготвува“, но дека нивните колеги ги игнорирале.

Службеникот не објасни што точно им кажале на Израелците, но рече дека тамошните власти биле фокусирани на Западниот Брег и ја игнорирале заканата од Газа.

– Ги предупредивме дека се ближи експлозијата на ситуацијата, и тоа многу брзо и дека ќе биде голема. Но, тие ги потцениле таквите предупредувања – рече функционерот кој побара да остане анонимен.

Да потсетиме, Хамас изврши ненадеен напад врз Израел во мугрите на 7 октомври, а досега загинаа повеќе од 1.000 луѓе од двете страни, додека стотици луѓе се уште се водат како исчезнати.