Ова овошје најефикасно го намалува холестеролот: јадете го секој ден и видете како влијае на мастите во крвта

Здравата исхрана е првиот чекор кон одржување на нормално ниво на холестерол, а два вида овошје се вашите најдобри сојузници на тој пат.

Ако имате висок холестерол, постојат намирници кои треба да ги зголемувате во секојдневната исхрана бидејќи тие ќе ви помогнат да го намалите холестеролот по природен пат.

Здравата исхрана е првиот чекор кон одржување на нормално ниво на холестерол, а два вида овошје се вашите најдобри сојузници на тој пат!

На прво место се јаболката, една од најдобрите намирници за намалување на холестеролот. Јаболката содржат влакна, особено растворливите влакна пектин, кои го намалуваат LDL или „лошиот“ холестерол.

Како функционира пектинот? Го спречува телото да апсорбира премногу холестерол и да го пренесе во крвотокот, каде што понатаму ќе се депонира на ѕидовите на крвните садови. И тоа не е се – од сите намирници кои содржат пектин, јаболката се „победник“ бидејќи телото на најдобар начин го користи пектинот од нив. 

Но, постои уште едно овошје за кое никогаш не би рекле дека помага природно да се намали холестеролот. Авокадото е одличен извор на здрави масти.

„Harvard Health“ пренесува дека здравите масти во исхраната можат да ги заменат нездравите, што ќе го намали нивото на холестерол.