Ова овошје прави чуда за вашето тело: го штити срцето, спречува инфекции, помага при постојани болести

Брусницата е полна со витамини Ц, А и Е, како и со минерали – калциум, калиум, магнезиум и железо.

1. Го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни заболувања

Сувите брусница содржат полифеноли со антиинфламаторни својства, кои помагаат да се намали хипертензијата и да се спречи агрегација на тромбоцити, што го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми

2. Спречуваат инфекции на уринарниот тракт

Со конзумирање на брусница внесуваме голема доза на проантоцијанидини во организмот, кои се антиоксиданси кои спречуваат бактериите кои предизвикуваат инфекции да се залепат на ѕидовите на уринарниот тракт.

3. Тие се корисни за луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2

Брусницата има понизок гликемиски индекс, бидејќи нема додаден шеќер, или пак им е додадена мала количина шеќер, па има помала реакција на инсулин.

4. Помагаат за зачувување на здравјето на забите и непцата

Оваа билка содржи елемент кој ги спречува бактериите да се прикачат на забите и исто така помага во спречување на болести на непцата.

5. Ја подобруваат меморијата и го забавуваат развојот на деменција

Истражувањето на британските научници покажа дека секојдневното консумирање на грст брусница значително ја подобрува меморијата на испитаниците кога станува збор за секојдневните настани (визуелна епизодна меморија), функционирањето на невронската мрежа и доставувањето на крв во мозокот (перфузија на мозокот ).

Брусницата може да се конзумира во сушена форма, во капсули, како чај или како сок.

Чајот се подготвува така што една кафена лажичка од овошјето се прелива со 2,5 дл зовриена вода, се остава покриен до 15 минути, па се процедува и се пие до три пати на ден. Кога станува збор за сок, две чаши незасладен сок од брусница дневно се доволни за превенција. Брусницата не се препорачува за луѓе кои земаат лекови против згрутчување.