Ова ретко се гледа – директен судир на авион и автомобил! Авионот се излизгал од пистата на аеродромот во Тексас и излетал на патот (фото/видео)
Експериментален мал авион „Lanker IV-P Propjet“ (N751HP) претрпе значителна штета во несреќа што се случи на аеродромот „Aero Country“ во Мекини, Тексас, САД.
На веб-страницата aviation24.be, која ја објави веста, се наведува дека две лица кои биле во леталото и едното во автомобилот се полесно повредени.
Се наведува дека првичните информации укажуваат дека авионот имал проблеми со притисокот за време на летот.
Поради ова, изведено е ненадејно спуштање на помала височина додека леталото се приближувало кон аеродромот.
По еден круг околу него, авионот слетал на пистата, но излетал од него на патот и удрил во автомобил што се движел таму.