Ова се датумите за изборите, кој ќе биде претседателскиот кандидат на власта, партиите бегаат од Велигден, а Заев “бега” од Груевски!? (Видео)

Двете дилеми, дали ќе бидат одвоени претседателските од парламентарните избори и кога треба да бидат закажани изборите можат да бидат решени во наредните денови.

Во СДСМ доминираше струјата да бидат одвоени претседателските од парламентарните избори. Политичката логика беше дека се поголеми шансите на власта да победат на претседателските избори ( во овие 32 години се нема случено кандидатот на владејачката партија да ги изгуби претседателските избори, поради поголемиот коалициски капацитет кај албанските партии ) и потоа да одат на парламентарни избори, со опозиција која би се фокусирала многу повеќе на внатре-партиски конфликти по евентуално изгубени избори.

Но сега, се чини, преовладува струјата дека опозицијата би можела да го жртвува својот претседателски кандидат за да предизвика неуеспешни претседателски избори, а на тој начин државата да влезе во политичка и институционална криза. Притоа сигналите од албанските партии беа дека ако се оди на одвоени избори, а албанската опозиција оди со свој претседателски кандидат, тогаш тој може да има подобар изборен резултат од Блерим Река на изборите во 2019 година. Власта и албанските партии во власта ценат дека тој заеднички опозициски кандидат би можел да биде Изет Меџити. Во случај да има споени избори тогаш Меџити би бил носител на изборната листа во првата или втората единица!?

Како што сега стојат работите, а тоа треба да се потврди на средбите во наредните неколку денови, изборите треба да се случат на 24 април и 8 мај!? Првиот круг на претседателските избори да биде на 24 април, а вториот круг на претседателските и првиот круг на парламентарните избори да бидат на 8 мај.

Што се однесува на претседателскиот кандидат на СДСМ, тој треба да го обнови процесот на уставни измени кој е сега “мртов”. Се очекува тој да биде некоја комбинација на Борис Трајковски и Бранко Црвенковски и да биде репризирано сценариото од договарањето и усвојувањето на Рамковниот договор во 2001 година. Уставните измени и преговорите со ЕУ треба да бидат столбот на кампањата на власта на изборите.

За сите овие работи, како и за улогата на Зоран Заев во помагањето на Мицкоски и на Никола Груевски во помагањето на власта можете да ја погледата политичката анализа која беше објавена за членовите ( мембери ) на емисијата Во Центар.