ОВА СЕ НАЈПОПУЛАРНИТЕ ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ! Сите ги сакаат и секогаш се во центар на вниманието, а еве кои се на дното на листата и зошто

Дали знаете кои хороскопски знаци се најпопуларни ? Еве ја топ листата, еден астрологот откри се.

Дали знаете кој е најпопуларниот хороскопски знак ? Можеби мислите дека тоа сте токму вие, бидејќи имате толку многу прекрасни особини и сите ве сакаат, но астрологот Сузан Тејлор вели дека постои само еден хороскопски знак што сите го сакаат!

Најпопуларниот хороскопски знак е Лавот, вели таа, бидејќи е невозможно да не го сакате. Ги привлекува другите како магнет со својот оптимизам, добрина и енергија. Забавен е и сите сакаат да бидат во негово друштво.

Вториот најпопуларен знак во хороскопот е Стрелец, бидејќи сите мислат дека е вистинско задоволство да се биде во негово друштво. Стрелецот е внимателен, духовит и секогаш полн со енергија. 

Рибите се третиот најпопуларен хороскопски знак затоа што се меѓу најнесебичните личности. Секогаш прво мислат на другите, па дури потоа на себе, поради што се вистинска инспирација за сите околу нив.

Овенот е следен на листата, четвртиот најпопуларен знак, а астрологот Сузан Тејлор вели дека тоа е затоа што има „стотици пријатели“. Овој знак е многу дружељубив и смешен, одлично се поврзува со луѓето, а однадвор можеби изгледа тврд, но внатрешно крие мека душа. 

Близнаците се петти најпопуларен знак затоа што секогаш им ветуваат и испорачуваат авантура на сите околу нив. Близнаците се секогаш расположени да пробаат нешто ново и никогаш нема да ви биде здодевно со нив.

Вагата е шестиот најпопуларен хороскопски знак, а ретко ќе сретнете Вага која не е популарна во општеството. Таа сака да ја сакаат и да и се восхитуваат другите, и ќе направи се за да биде така секогаш. 

Водолијата е седмиот најпопуларен знак во хороскопот, неговата личност е магнетна, додека Бикот е осми – ги маѓепсува сите околу себе и не се грижи како другите го гледаат.

Ракот е деветти, има внимателно избрани пријатели и ги држи блиску засекогаш. Ракот склопува пријателства за сите времиња, и секогаш е искрен и отворен, не се грижи премногу што мислат другите за него. 

Јарецот е на десеттото место по популарност, а за тоа е „виновна“ неговата амбиција. Јарците повеќе ќе се грижат дали се успешни и дали ги постигнале сите свои цели, отколку дали им се допаѓаат на другите.

На 11-то место е Девицата, а нејзината „непопуларност“ се крие во тоа што е секогаш искрена. Девицата нема да крие како се чувствува или што мисли, поради што понекогаш не ја ценат луѓето.

Шкорпијата е на последното, 12-то место, но тоа не значи дека припадниците на овој знак се непопуларни во општеството. Напротив, ако за пријател имате Шкорпија, навистина имате среќа – Шкорпиите внимателно избираат со какви луѓе се опкружуваат и го даваат секој атом од своето битие, љубов и енергија на најблиските. Но, понекогаш другите луѓе бегаат од нив, бидејќи Шкорпијата не сака да се докажува. Лажна смеа, празни приказни и површни врски никогаш не ја интересирале, ниту ќе ја интересираат.