Ова се 3 работи кои децата ги наследуваат ИСКЛУЧИВО ОД МАЈКАТА: Татковите гени немаат апсолутно никакво влијание врз нив

Иако особините можат да се наследат од двајцата родители, науката тврди дека некои работи доаѓаат исклучиво од мајката. Кога се раѓа детето, тоа ги носи гените на двајцата родители.

Меѓутоа, кога станува збор за интелигенцијата , процесот на стареење и тенденцијата за дебелеење, гените на таткото не играат важна улога.

Стареење

Германските научници открија дека процесот на стареење зависи од гените кои детето ги наследува од мајката. Митохондријалната ДНК, која ја наследуваме исклучиво од нашата мајка, делумно влијае на тоа како старееме.

Склоност кон дебелеење

Многу истражувачи тврдат дека метаболизмот е наследен од мајката, што може да влијае на стапката на зголемување на телесната тежина. Ако мајката има прекумерна тежина, се зголемува веројатноста дека и детето ќе има проблеми со тежината.

Интелигенција

Истражувањето спроведено на Универзитетот во Глазгов покажа дека гените на мајката имаат најголемо влијание врз интелигенцијата на детето. Нивото на интелигенција на детето варира за околу 15 поени во однос на коефициентот на интелигенција на мајката, пишува Кликс.