ОВИЕ ДЕНОВИ МОЖЕ ДА ВИ СЕ ЈАВИ„СИНДРОМ НА ПРАЗНИЧНО СРЦЕ“! Доколку ги забележите овие 3 симптоми, веднаш ОДЕТЕ НА ДОКТОР

За време на празниците постои ризик од синдромот на празнично срце…

Секоја година во светот 18,6 милиони луѓе умираат од болести на срцето и крвните садови, а се проценува дека до 2030 година тој број ќе се зголеми на 23 милиони. Затоа е важно да се грижиме за начинот на живот, колку спиеме, што јадеме, пиеме… Превенцијата е на прво место, особено ако имаме одредени наследни болести во семејството. Еден од проблемите со срцето се јавува за време на овие празници. Тоа е „синдромот на празнично срце“. Што тоа значи?

„Во суштина, таа состојба е предизвикана од консумирање премногу алкохол. Сепак, празничниот синдром нема формална дефиниција“, изјави за „Здравје“ Регина С. Друзе од Центарот за интегративна кардиологија во Лонг Ајленд.

Забележано е дека луѓето кои пијат многу може да завршат во болница поради палпитации на срцето или аритмија, често предизвикани од атријална фибрилација ( неправилно работење на преткоморите на срцето ). Името потекнува од 1970-тите години, што имало за цел да го опише бројот на инаку здрави пациенти кои се јавувале на лекарите за време на празниците со аритмии – абнормални отчукувања на срцето по консумирање премногу алкохол. Но, и покрај името, состојбата не е ограничена само за време на празниците.

„Тоа може да се случи секогаш кога пиете премногу алкохол“, вели д-р Друзе.

Националната библиотека за медицина (NLM) посочи дека синдромот на празнично срце може да е резултат на врската помеѓу прекумерното консумирање алкохол, високиот стрес и дехидрацијата. Исто така, тоа може да биде поврзано со начинот на кој алкохолот влијае на кардиоваскуларниот систем. Истражувачите на студијата од јули 2021 година објавена во „Clinical Autonomic Research“ рекоа дека дури и мали количини алкохол може да доведат до активирање на симпатикусот и намалување на парасимпатичката активност што доведува до нерамнотежа, што значи дека отчукувањата на срцето ќе почнат да се зголемуваат.

Важно е да се знае дека овој проблем е поврзан со зголемен ризик од мозочен удар поради згрутчување на крвта, вели д-р Друзе и ги советува пациентите да внимаваат на симптомите како болка во градите, вртоглавица, палпитации. И ако болката во градите трае подолго од 20 минути, исто така е важно да побарате помош.

“Кога ќе престанете да консумирате алкохол, празничниот срцев синдром исчезнува. Но, тоа не значи дека состојбата е бенигна. Срцето е првото кое реагира на работите што се случуваат во вашето тело”, вели докторот, пренесува “The Health”.

Како да го избегнете празничниот срцев синдром?

Престанувањето со консумирање алкохол е единствениот можен начин да се избегнат симптомите. Нема број на пијалоци кои доведуваат до синдромот бидејќи толеранцијата на алкохол кај секој поединец е различна, рече на крајот докторот.