ОВИЕ РАБОТИ ТРЕБА ДА СЕ СФАТАТ СЕРИОЗНО – Кога кафето со млеко се смета за опасно по здравјето ?

Кафето е омилен пијалок на многу луѓе, а често се поставува прашањето дали е здраво. Ако ги погледнеме црното кафе и кафето со млеко, кафето со млеко претставува малку поголем ризик за здравјето од црното бидејќи содржи млеко.

Некои луѓе сакаат да пијат иста шолја кафе цел ден, но експертите не го советуваат тоа бидејќи не е здраво, а најмногу внимание треба да се посвети на млекото што го ставаме во кафето.

Ако го чувате млекото во фрижидер, може да издржи и до една недела, но ако го додадете во кафето кое стои со часови, подобро е да направите нова шолја кафе.

Кафето го менува вкусот по 30 минути, а по четири часа маслата во кафето може да се расипат, па најдобро е кафето да се испие во рок од половина час.

А што е со црното кафе без млеко ? Дали е добро е и кога стои долго време ?

Неговиот вкус не е ист како оној на свежо сварено кафе, но сепак е вкусен. Иако експертите и докторите советуваат дека е подобро да направите нова шолја, доколку не ви пречи вкусот, црното кафе без млеко е одлично за опуштање.