Овие тројца луѓе се единствените во светот кои можат да патуваат без пасош

Двајца Јапонци и еден Британец се единствените луѓе во светот кои можат да патуваат без пасош.

Кога ќе одлучите да патувате, пасошот е една од главните работи што ви требаат, меѓутоа, постојат три луѓе во светот кои се изземени од тоа правило.

Во прашање се кралот на Обединетото Кралство Чарлс III , јапонскиот император Нарухито и царицата Масако . Пред кралот, таа привилегија ја имала кралицата Елизабета Втора , која Чарлс ја наследил на престолот.

Интересно е што никој друг од кралското семејство не ја ужива оваа привилегија, па дури и кралицата Консорт Камила мора да има дипломатски пасош со себе.

Да потсетиме, најмоќните пасоши во светот се јапонските, а потоа сингапурскиот и јужнокорејскиот. Главниот критериум е слободата на глобалното патување, односно во колку земји во светот можат да патуваат без виза имателите на пасоши. Граѓаните на Јапонија без виза можат да влезат во рекордни 193 земји низ светот со својот пасош, па безгрижно .

Граѓаните на Авганистан повторно се на дното на листата и можат да посетат само 27 земји без виза.