ОВИЕ ЦИТАТИ НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО И ДЕНЕС СЕ ПРЕРАСКАЖУВААТ: Кога повторно ќе ги прочитате, солзи ЌЕ ВИ ДОЈДАТ НА ОЧИТЕ

Погледнете некои од неговите најинтересни изреки, полни со почит и национална гордост

Јосп Броз Тито беше претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија од 1953 до 1980 година. Роден е на 7 мај 1892 година во Кумровец, а починал на 4 мај 1980 година во Љубљана.

Тито беше на чело на Комунистичката партија од 1937 до 1980 година. Во тој период стана и врховен командант на вооружените сили на СФРЈ, а ќе остане запаметен како еден од основачите на Движењето на неврзаните.

– Пролеавме море крв за братството и единството на нашите народи. И нема да дозволиме никој да не допре или да не уништи одвнатре, да го уништи тоа братство и единство.

-Ниту една од нашите републики немаше да биде никој и ништо, да не бевме сите заедно.

– Горди сме на нашата историја. Ние сме горди на нашите жртви направени од нашите предци, нашите народи низ историјата. Се гордееме со фактот што нашиот народ никогаш не загрозил ничија независност, што нашиот народ никогаш не преминал преку туѓа територија за да поробува други народи.

-Работничката класа е столбот на нашата социјалистичка држава, работничката класа од сите националности и во сите републики има исти ставови и исти интереси и таа го претставува цементот што ја зајакнува и ја зацврстува нашата социјалистичка заедница.

Мирот е над се и се друго мора да му биде подредено.