Што да правите кога нагло ќе ви „скокне“ притисокот: Овие намирници предизвикуваат итно снижување

Доколку страдате од висок крвен притисок, прво треба да ги промените навиките во исхраната, што значи дека е време да го намалите внесот на сол и масти, но и да го зголемите внесот на вода.

Заедно со веќе познатите совети кои ќе ја спречат појавата на висок крвен притисок, често наречен „тивок убиец“, ќе ви помогнат и овие здрави намирници.

Цимет
Неколку студии потврдија дека систолниот (горниот) и дијастолниот (долниот) крвен притисок кај возрасните се намалува со добро познатиот миризлив зачин – цимет.
Доколку внесете лажичка во секојдневната исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок, пишува Hayat.ba.

Лук
Оваа здрава храна речиси веднаш го намалува крвниот притисок. Лукот делува на крвните садови така што ги опушта и ги шири, а крвта може полесно да циркулира. Ова го намалува притисокот.

За моментален ефект и итно намалување на притисокот, јадете сиров лук со леб или исечкајте го во салата или некое друго јадење.