Дискусија за Планот за развој на Западен Балкан

Институтот за европска политика – Скопје денеска организира дискусија за Планот за развој на Западен Балкан презентиран од Европската комисија, насловена „Growth Plan for the Western Balkans: How to make it work for all?“-На настанот ќе се разговара за тоа како овој план ќе го поддржи развојот на рамката за економско управување и да ги доведе земјите кандидати од Западен Балкан да ги исполнат економските критериуми во процесот на пристапување.

Настанот ќе ги собере креаторите на политиките и претставниците на граѓанското општество, академската заедница и бизнис-секторот за да размислуваат за овие релевантни прашања, наведува ЕПИ.