ОВЦИ ИЗЕЛЕ РЕЧИСИ 100 КГ КАНАБИС: Овчар забележал необично однесување „Не знам дали да се смеам или плачам“
Сопственикот на стаклена градина, се разбира, не можеше да им поверува на своите очи
Стадо овци налета на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и изеделе речиси 100 килограми од растението.
Веднаш по разорните поплави што го зафатија поширокото подрачје на Тесалија, при што беа оштетени и пасиштата, стадо овци налета на стаклена градина во која се одгледува канабис за фармацевтски цели и изеделе речиси 100 килограми од ова растение.
Еден овчар бил изненаден од однесувањето на своите овци набргу откако ги извадил на пасење во областа Магнезија, Грција.
Сопственикот на стаклена градина, се разбира, не можел да им верува на своите очи кога дознал дека неговото производство на канабис претрпело голема штета од невремето, а потоа и овците кои дошле да се хранат со остатоците, пишува TheNewspaper.gr.
– Не знам дали да се смеам или да плачам. Имавме силни топлотни бранови и изгубивме дел од производството. Имавме поплави и го уништија и другиот дел. И сега после сето тоа имаме стадо овци, кое влегло во објектот и почнало да го јаде тоа што останало. Искрено, не знам што да кажам – изјави сопственик на лиценцирана фарма за канабис.