Огромен успех за српскиот тенис! Луна Вујовиќ е шампион на Вимблдон! (фото)

Српскиот тенис дефинитивно не мора да се грижи за иднината, бидејќи денес Луна Вујовиќ го освои шампионатот на Вимблдон во возрасната група до 14 години!

Луна денеска беше подобра од Холи Смарт против која победи со 6:3, 6:1 и покажа дека и’ претстои успешна кариера!

Имаше големи шанси да гледавме и српското финале, но Душица Поповски, која исто така е од Србија, беше елиминирана во полуфиналето.

Дека се работи за перспективна генерација српски тенисерки говори и фактот што Србија е вицешампион на Европа во конкуренција до 14 години. Тимот составен од Луна и Душица заедно со Ена Илиќ неодамна го освои второто место на шампионатот на Стариот континент.