Одговорот на победничката на Мис Универзум 1997 година е наречен најдобар досега

Видеото од изборот за Мис Универзум во 1997 година стана вирално на Тик Ток, каде Мис на САД, а подоцна и победничка на изборот, Брук Ли, одговара на прашањето на водителката за тоа што би направила доколку нема правила во нејзиниот живот и дека би можела биде лабав.

„Би јадела се што постои“, одговорила манекенката и ја насмеала и водителката и публиката. „Не разбираш. Би јадела се двапати“, додала Ли. „Најдобар одговор во историјата“, стои во описот на снимката на TikTok, која за кратко време ја погледнале повеќе од 1,6 милиони корисници.

„Таа зборуваше од срце“, „Вакви едноставни одговори се многу подобри отколку да се обидуваме да филозофираме“, „Ова сакаме да го видиме сите. Колку е искрена“, „Го живеам нејзиниот сон“, „Совршен одговор “, „Единственото нешто што некогаш го паметам од Мис Универзум“, „Ова е тажно“, се само дел од коментарите на луѓето.