Леќата е, после сојата, храна со најголем процент на протеини, поради што игра важна улога во исхраната. Оваа мешунка е богата со влакна и фолна киселина, што е всушност одлична за срцето, мозокот и здравото варење.
Покрај тоа, леќата содржи полифеноли проантоцијани и катехини, кои им обезбедуваат на клетките антиоксидантна заштита од оштетување од слободните радикали.
Влакната помагаат за бавно ослободување на гликозата, па затоа се добри за чувството на ситост, односно за спречување на прејадување. Исто така, може да го подобри вашиот метаболизам и да ги намали масните наслаги со кои се борите, особено околу стомакот.
Една чаша варена леќа има околу 230 калории и е меѓу најдобрите растителни извори на железо, но и магнезиум, калиум, цинк, калциум и бакар. Ако не јадете често мешунки, почнете со мали порции за да избегнете надуеност.
Не постои голема разлика во составот на хранливите материи помеѓу кафената, зелената, црвената и жолтата леќа, тие се разликуваат во составот на одредени биолошки активни компоненти. Сите видови леќа содржат полифеноли, фитостероли и сапонини, кои позитивно влијаат на здравјето, пренесува Радиосараево.