Почина Ричард Белцер, инспекторот Џон Мунк од серијата „Закон и ред“

Актерот Ричард Белцер, најпознат по улогата на инспекторот Џон Мунк во сериите „Убиство: Животот на улица“ и „Закон и ред: Единица за жртви“, почина на 79-годишна возраст.

„Белцер почина рано утринава во својот дом во Бозулс, во југозападна Франција“, изјави писателот Бил Шефт, долгогодишен пријател на актерот, за „Холивуд репортер“. „Имаше многу здравствени проблеми“, додаде тој.