Синди Крафорд покажа како изгледа без шминка

Синди Крафорд е една од најуспешните манекенки оd 90-тите, а работеше за најпознатите модни дизајнери, сними илјадници реклами или насловни страници на модни списанија и глумеше во спотот за „Freedom“ на Џорџ Мајкл.

Оваа 56-годишна манекенка е позната по својата природна убавина, но многумина беа изненадени од тоа како таа изгледа без шминка.

Имено, Синди на својот Instagram профил објави видео од сауна и покажа како и расте новата коса.

Сепак, нејзините следбеници беа многу збунети од ова издание.

„Тука изгледаш толку поинаку“, „Воопшто не личиш на тебе“, „Не знаев дека си ти додека не го прочитав твоето име“, „Не те препознав“, „Која е оваа во објавата на Синди? Пријателка? Колешка?“, се само дел од коментарите.

Манекенката не обрна внимание на коментарите и сподели уште едно видео во кое исто така не носи шминка.