Малкумина знаат дека оваа стара лековита храна е одлична за срцето, мозокот, слабеењето и здравото варење

Тој е меѓу најдобрите растителни извори на железо, но и на магнезиум, калиум, цинк, калциум и бакар

После сојата, леќата е зеленчук со најголема содржина на протеини, поради што игра важна улога во исхраната. Оваа мешунка е богата со влакна и фолна киселина, која е одлична за срцето, мозокот и здравото варење. Содржи полифеноли проантоцијанини и катехини, кои обезбедуваат антиоксидантна заштита на клетките од оштетување од слободните радикали.

Влакната помагаат гликозата да се ослободува бавно, па затоа се добри за чувство на ситост, односно за спречување на прејадување. Исто така, може да го подобри вашиот метаболизам и да ги намали масните наслаги, особено околу стомакот.

Една чаша варена леќа има околу 230 калории и е меѓу најдобрите растителни извори на железо, како и магнезиум, калиум, цинк, калциум и бакар. Ако не јадете мешунки премногу често, почнете со мали порции за да избегнете надуеност. Други мешунки, како што се грав и боранија, исто така обезбедуваат безбедно и бавно снабдување со енергија.

Помеѓу кафената, зелената, црвената и жолтата леќа нема голема разлика во составот на хранливите материи, тие се разликуваат во составот на поединечни биолошки активни компоненти. Сите видови леќа содржат полифеноли, фитостероли и сапонини, кои позитивно влијаат на здравјето.

Денеска направете чорба од леќа .