Одлука на ЕСЧП, Селмани: Нели, судовите во земјава не се ефикасни

Правилна е одлуката на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, по жалбата на 7 обвинети од Специјалното јавно обвинителство, за поништената аболиција на поранешниот претседател Ѓорге Иванов во 2016 година, смета Башким. универзитетскиот професор Селмани за ТВМ 2. Тој вели дека ЕСЧП не може да донесе конечна одлука за случаи за кои се уште не се исцрпени правните инструменти во земјава, но вели дека правдата тешко дека ќе дојде во земјава со оглед на неефикасноста покажана во многу случаи од нашите судови.

„Граѓаните тешко доаѓаат до овој суд бидејќи основната пречка е со судството кое ги одолговлекува предметите во Основните и во Апелационите судови. Во овој случај, без користење на правните средства во државата, не можеме да ги адресираме овие спорови до Судот во Стразбур“, вели универзитетскиот професор Башким Селмани.

Одлука на ЕСЧП, Калајџиев: Немаме ефикасни институции

Од друга страна, професорот по кривично право Гордан Калајџиев го изразува своето разочарување што судот не донел порешителна одлука. Калајиев не верува дека овие случаи некогаш ќе бидат решени во институциите на земјата, како што наложува Европскиот суд за човекови права.

„Не сум убеден дека одлуката е исправна бидејќи правните лекови во државата и да не се исцрпени мислам дека нема да бидат ефикасни. Во Македонија навистина не постои можност да се разговара за ова прашање со какви било ефикасни средства. Судот смета дека предметите сепак треба да се преиспитаат пред други судски инстанци во државата, што според мене е невозможно“, вели професорот по кривично право Гордан Калајџиев.

Со аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во 2016 година беа вклучени 54 лица, меѓу кои Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиевски.