Од денес Твитер не е ист: Маск направи блескава промена – Ќе го инсталирате само поради тоа

Шефот на Твитер, Илон Маск, денеска најави дека платформата ќе воведе видео и аудио повици, како и шифрирани пораки.

Корисниците на Твитер наскоро ќе можат да остваруваат аудио и видео повици со други луѓе ширум светот кои се на социјалната мрежа без да мораат да го дадат својот телефонски број, напиша Маск на Твитер.

На овој начин Tвитер ќе се усогласи со Фејсбук и Инстаграм кои веќе имаат слични опции за повикување, пренесува Ројтерс.

Маск додаде дека корисниците на Твитер ќе можат да испраќаат шифрирани пораки од утре, но не појасни дали и повиците ќе бидат шифрирани.

Минатата година Маск на јавноста и’ ги објави своите планови за подобрување на оваа социјална мрежа, која ја нарече „Твитер 2.0. Апликацијата за сите“.

Шефот на Твитер тогаш најави шифрирани пораки, подолги твитови и воведување опции за плаќање преку оваа платформа, потсетува британската агенција.