ОД ОШТЕТЕНА ШУПА НАПРАВИЛЕ КУЌА од соништата: Сите им велеа дека се ЛУДИ, а еве што успеа овој брачен пар (ФОТО)
Брачен пар од Тексас потрошил девет месеци работа и 16.000 долари (околу 14.700 евра) за да ја реновира старата барака што ја добиле од нивните баба и дедо . Тие всушност решиле да ја искористат за да ја изградат својата куќа од соништата со свои раце и успеале.
Кејти и Мајкл Кребс имаат две ќерки, Каролина (7) и Харпер (4). Велат дека бараката била изградена во 80-тите години и се користела за складирање на се и сешто.
И покрај тоа што луѓето им велеа дека се „луди“ што го направиле тој чекор, парот денес има сладок дом исполнет со ретро мебел на кој сега многумина им завидуваат.
Шупата, која имала само 26 метри квадратни, немала одвод, немало водовод и струја, па Кејти и Мишел морале сето тоа да го постават сами. Се лупеше и бојата, па мораа и тоа да го поправат.
Кога завршија основните работи, почнаа да го уредуваат ентериерот.
Поставија преградни ѕидови, додадоа прозорци и повторно го изградија покривот. Успеаја да ја задржат изолацијата и оригиналните подови кои беа во одлична состојба. Се труделе да искористат се и да фрлаат што помалку поради ограничениот буџет.
Направија две соби за спална и бања, а дневната и кујната се со отворен ентериер.
„Гледавме многу YouTube за да сфатиме како да направиме некои работи. Сите рамки ги направивме сами, само ние, јас и Мајкл, со нашите две девојки, добро е што мојот сопруг знаеше што прави“, рече Кејти.
Спомна и како го додале тремот пред бараката за кој отсекогаш сонувала да го има.
Таа признава дека сепак морале да повикаат електричар за да ја вклучи струјата, но дека таа и нејзиниот сопруг сами ги истегнале каблите низ куќата и ги поставиле таму каде што требало.
Семејството планира да живее во нивната мала куќа додека не бидат подготвени да се вселат во големата куќа во соседството, која сега е во сопственост на бабата и дедото на Мајкл.